Изборниот штраб на Трамп нема да им даде акредитација на новинарите на „Блумберг Њуз“

Изборниот штаб на претседателот Доналд Трамп за претстојните избори во САД соопшти денеска дека нема да им даде акредитација на новинарите на „Блумберг њуз”, што е во сопственост на Мајкл Блумберг, потенцијален претседателски кандидат на демократите.

Откако официјално ја објави кандидатурата на Блумберг, агенцијата соопшти дека нема да известува за кандидатите за демократски претседател, вклучувајќи го и Блумберг и неговите ривали, туку ќе ги следи активностите на Трамп за време на кампањата.

– Бидејќи тие отворено покажаа пристрасност, кампањата на Трамп нема да им даде акредитација на претставниците на Блумберг њуз за митинзи и други настани. Ние ќе одлучиме дали ќе контактираме со новинарите поединечно или да одговориме на Блумберг њуз, од случај до случај – рече Бред Парскеил, менаџер на кампањата на Трамп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот