Изборниот штаб на Харис го обвини Трамп дека се обидува условите на дебатата да ги промени во своја корист

Камала Харис, потпретседателка на САД/кандидатка за претседателка на САД Фото: EPA-EFE/LESLIE PLAZA JOHNSON

Изборниот штаб на Камала Харис, американската потпретседателка и најверојатна кандидатка на демократите на претстојните избори во ноември, денеска го обвини поранешниот американски претседател и републикански кандидат Доналд Трамп дека се обидува да ги промени условите на дебатата за Еј-Би-Си Њуз, закажана за 10 септември, за да создаде опкружување за дебата што може да му даде предност.

Трамп вчера на неговата платформа „Вистина“ (Truth Social) објави дека се договорил со „Фокс Њуз“ да се одржи дебата на 4 септември, со присуство на модераторите на телевизијата и публика, пренесе Си-Ен-Би-Си (CNBC).

Трамп притоа оцени дека актуелниот судски спор со Еј-Би-Си Њуз претставува „конфликт на интереси“.

Доналд Трамп е исплашен и се обидува да се повлече од дебатата на која веќе се согласил и потрча директно до Фокс њуз да го спасат, рече Мајкл Тајлер, портпарол на кампањата на Камала Харис.

Според Тајлер, Трамп „треба да престане да игра игри и да се појави на дебатата на која веќе се обврза на 10 септември“.

Тимот на кампањата на Трамп не одговори веднаш на барањето за коментар на нападот од кампањата на Харис.

Неколку дена откако актуелниот американски претседател Џозеф Бајден се откажа и ја поддржа Камала Харис за кандидатка на демократите, Трамп изјави дека е подготвен повеќе пати да дебатира со американската потпретседателка, но подоцна изјави дека ќе учествува во дебатата само откако демократите официјално ја номинираат за кандидатка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот