Изборниот процес заврши, во Косово дваесетмина приведени

Телеграфи

Во 19 часот во Косово заврши изборниот процес, во кој се гласаше за избор 120 нови пратеници за косовското собрание.

Право на глас имаа 1.937.868 лица, што е за околу 65.000 повеќе во споредба со последниот изборен процес во земјата, односно локалните избори од 2017 година.

Но, како што јавува Телеграфи, во текот на денот според информациите на Специјалното Обвинителство на Косово во врска со изборниот процес се приведени 20 лица.

Обвинителството информираше дека пет приведени лица се во Призрен, и сите се обвинети за кривично дело “Загрозување на тајноста на гласањето”. Во Пеќ во еден случај се приведени пет лица за кривично дело “Злоупотреба на правото на ласање”. Во регионот на Ѓаковица има шест случаи, при што петмина се приведени и по еден има потерница за кривични дела “Спречување на процесот на гласањето”, “Загрозување на тајноста на гласањето” и за дело “Уништување на гласачки документи”. Во Гњилане пак има еден приведен за кривично дело “Спречување на правото за гласање”. Во регионот на Митровица има два случаи со пет приведени лица, од кои двајца за кривично дело “Злоупотреба на службена задача за време на избори” и тројца за кривично дело “Спречување на процесот гласањето”. И во регионот на Урошевац има еден приведен за кривично дело “Спречување на изборниот процес”.

Инаку, на овие избори учествуваа 25 политички субјекти, од кои 20 партии, четири кoалиции и еден независен кандидат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот