Изборната кампања во САД во завршна фаза: Бајден има 12 проценти предност пред Трамп

Фото: EPA-EFE/JIM LO SCALZO

„Си-Ен-Ен“ денеска јави дека изборите во САД влегуваат во завршна, одлучувачка фаза, и дека актуелниот претседател Доналд Трамп сè уште има шанси за победа, иако сите анкети покажуваат дека демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден е доминантен во кампањата во однос на неговиот ривал и има забележлива предност.

Анализата на предизборните анкети покажа дека Бајден во овој момент е во подобра позиција од кој било претседателски кандидат од 1936 година досега, откако почнаа да се спроведуваат анкети темелени на нова научна методологија на истражување на јавното мислење, јави „Си-Ен-Ен“.

Според вчера објавеното истражување на „Еј-Би-Си Њуз“ и на весникот „Вашингтон Пост”, Бајден има поддршка од 55 проценти, а Трамп од 43 проценти меѓу испитаниците.

Ова е трета национална анкета во која Бајден не само што има повеќе од 10 проценти поголема поддршка од Трамп, туку по трет пат има над 50 проценти од гласачите на своја страна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот