„Изборна војна“ во неколку општини во Албанија, има и повредени (ВИДЕО)

Фото: Топ чанел

Во неколку општини во Албанија, во моментов се забележани немири, кои се проследени со судири меѓу полицијата и демонстрантите. Албанските медиуми информираат дека има и повредени. Топ чанел јавува дека поддржувачи на опозицијата од изутрината се обидуваат да ги заземат под контрола просториите на Зонските комисии за изборна администрација.

Според истиот медиум, судирите меѓу демонстрантите и полицијата се фокусирани само во тие општини, раководени од градоначалници на Демократската партија и Социјалистичкото движење за интеграција, по нивната наредба за Централната изборна комисија да ги напушти просториите. Овие општини го признаваат декретот на претседалот Илир Мета, за одложување на датумот на локалните избори, кои беа закажани за 30 јуни.

Според Топ чанел, тензична е состојбата во Бурел, каде полицијата употребила солзавец кон демонстрантите, кои бараат да ги земат под контрола просториите на Зонската комисија за изборна администрација број 16. Локалната полиција при тоа доби помош од Единиците за брза интервенија. Во судирите има неколку повредени лица.

И во регионот на Корча, односно во Билишта, подржувачите на опозицијата се собрале пред објектот на Зонската комисија за изборна администрација. Тие фрлиле чаши и други предмети кон местото, а потоа си заминале. Нема информации за повредени лица. Потензична состојба има во Поградец, таму каде што демонстрантите се обиделе да ги земат под контрола просториите на Зонската комисија за изборна администрација, а биле растурени од страна на полицијата, но состојабата продолжува да биде тензична.

И во Камез, регионот на Тирана, имало судири меѓу демонстрантите и полицијата. Полицајците употребиле солзавец за растерување на толпата која се обидувала да ја заземе под контрола Зонската комисија за изборна администрација. При судирот биле повредени тројца полицајци и еден граѓанин.

Во Каваја немирите започнале рано наутро, при што демонстрантите побарале исто така ослободувње на просториите на ЗКИА, а извори за Топ Чанел јавуваат дека демонстрантите ќе се собираат повторно во 20 часот во центарот на Каваја.

Во регионот на Берат, односно во Скрапар толпата што се наоѓаше внатре во просториите на Домот на културата, си заминала. Во Скрапар судирите траеле еден час, а извори од лице место тврдат дека немало повредени лица и дека толпата ги кршела прозорците на Зонската комисија за изборна администрација.

Синоќа немири избувнаа и во Тропоја и Скадар, каде што беше запалено училиште со дел од изборниот материјал.

Инаку, немирите избувнаа десет дена пред датумот за кога беа закажани локалните избори, но кои ги одложи албанскиот претседател со декрет. Оваа одлука на Мета е прифатлива за опозицијата, но не и за власта, која најавува дека сепак изборите ќе се оддржат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот