Избори за градоначалник на Киев: Кличко во втора рунда со Попов

Фото: EPA-EFE/RONALD WITTEK

Актуелниот градоначалник на Киев, Виталиј Кличко води на локалните избори со 45,93 отсто од гласовите и во вториот круг ќе се соочи со Александар Попов, кандидат на Опозициската платформа за живот, кој освои 9,62 процента, покажуваат резултатите од излезните анкети.

Украинците вчера бираа општински собранија и градоначалници. За мандати во локалната власт на различни нивоа се бореа 224.000 кандидати, а во трка за градоначалничка функција влегоа 2.600 кандидати во 324 општини.

Официјалните резултати од гласањето ќе бидат објавени на 6 ноември. Доколку ниту еден од кандидатите за градоначалник на големите општини со над 75.000 жители не освои повеќе од 50 отсто гласови, тогаш вториот круг ќе се одржи на 15 ноември.

Во помалите места, градоначалник се бира со просто мнозинство гласови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот