Избори во Србија: Дел од опозицијата бојкотира, гласачите немаат обврска да носат заштитна опрема

Во Србија денеска се одржува референдум за измени на Уставот во делот што се однесува на правосудството, Фото: Профимедиа

Откако поради пандемијата изборите од 26 април се откажаа, денеска во Србија се одржуваат парламентарни, покраински и локални избори.

Утрово во 7 часот се отворени гласачките места, а своето гласачко право ќе можат да го искористат 6.583.665 граѓани на 8.386 гласачки места, меѓу кои и на 90 места во Косово и во 42 амбасади на Србија.

Граѓаните на Србија ќе бираат пратеници за Националното собрание, во кое има 250 пратенички места. Истиот ден, граѓаните на Автономната покраина Војводина ќе избираат и 120 пратеници на Покраинското собрание, а ќе се гласа и за локалните собранија во градовите и општините на Србија.

На парламентарните избори за доверба на 6.583.665 гласачи оваа година ќе се натпреваруваат 21 избирачна листа на партии и коалиции, кои ќе се борат да го поминат прагот од три проценти и да освојат места во српскиот парламент. Дел од опозицијата ги бојкотира изборите.

Поради коронавирусот, Републичката изборна комисија (РИК), најави дека за денешниот ден на избирачките одбори ќе им обезбеди маски и ракавици, додека гласачите немаат обврска да носат заштитна опрема кога одат на гласање.

Фаворит на изборите е Српската напредна странка (СНС) на претседателот Александар Вуќиќ, но поголемиот дел од опозицијата собрана околу коалицијата Сојуз за Србија (СзС) се реши на бојкот бидејќи сметаат дека нема услови за фер и демократски избори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот