ИЗБОРИ ВО ХОНГКОНГ: Продемократските кандидати освоија речиси половина од мандатите во парламентот

Фото: EPA-EFE/JEON HEON-KYUN

Продемократските кандидати освоија околу 45 проценти од местата на локалните избори во Хонгконг, покажуваат делумните резултати од гласањето, што се смета за тест на поддршка на повеќемесечните антивладини протести во таа автономна кинеска територија.

Според нецелосните резултати, продемократските кандидати освоиле 201 од 452 места во 18 окружни совети.

Најголемата прокинеска партија доживеа тежок пораз откако 155 од нејзините 182 кандидати беа поразени.

Меѓу победниците на изборите со висок одзив се поранешни студентски лидери и кандидат кој го замени добро познатиот активист Џошуа Вонг, единствената личност на која и беше забранието да се кандидира.

Победи и еден од организаторите на протестите, Џими Шем, кој во октомври беше претепан, како и продемократскиот пратеник, кому напаѓач му го одгриза увото.

Изборната комисија соопшти дека гласале 71 отсто од регистрираните 4,1 милиони гласачи, многу повеќе од 47 отсто, колку што беше одзивот пред четири години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот