Избори во Бугарија: По обработени 95 отсто податоци води ГЕРБ-СДС со мала разлика пред „Има таков народ“

Бојко Борисов / AFP / Profimedia

Врз основа на последните податоци на Централната изборна комиција на Бугарија, по обработени 95 отсто гласови на предвремените парламентарни избори, ГЕРБ-СДС води со мала разлика.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, тие добиле 23,91 отсто гласови.

Втора политичка партија со најмногу гласови е „Има таков народ” – 23,66 проценти. Третата парламентарна сила во 46. Народно собрание на Бугарија ќе бидат социјалистите со 13,63 проценти гласови. Прозападна Демократска Бугарија е рангирана малку зад нив – 12,55 проценти од гласовите досега.

Многу локални аналитичари сметаат дека гласовите што доаѓаат од странство ќе бидат одлучувачки, додава дописникот на МИА од Софија.

Петти се Движењето за права и слободи – 10,59 проценти глаови додека коалицијата „Исправи се! Мафијата надвор!” – 5,04 проценти гласови. Останатите партии и коалиции не минаа праг за влез во парламентот на Бугарија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот