ИЗБОРИ ВО БОЛИВИЈА: Моралес уверен во победа, Месa најавува втор круг

Фото: EPA-EFE/Fernando Bizerra Jr.

Претседателот на Боливија, Ево Моралес, изјави дека е уверен оти ќе победи на изборите одржани вчера, и покрај тоа што по 84 отсто од избројаните гласови, најверојатно ќе се одржи втор круг на гласање во земјата.

Моралес (59) рече дека сигурните гласови од руралните подрачја, каде има посила поддршка, ќе му донесат уште една „историска победа“ и мнозинство во Конгресот.

Како што пренесува „Ројтерс“, на Моралес му се потребни најмалку 40 отсто од гласовите и предност од 10 поени пред неговиот главен ривал за да се избегне втор круг на гласање на 15 декември.

Досегашното броење покажува дека Моралес освоил 45 отсто од гласовите, додека 38 отсто има неговиот ривал Карлос Месa, кој веќе го прослави пласманот во вториот изборен круг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот