Избори во Боливија: Ќе си замине ли уште еден долгогодишен лидер на Латинска Америка?

Фото: Профимедиа

Претседателските избори во Боливија ќе имаат втор изборен круг откако на вчерашниот прв круг актуелниот престедател Ево Моралес освои 45 проценти наспроти неговиот политички опонент Карлос Меса кој освоил 38 проценти од гласовите.

Актуелниот престедател Моралес кој се бори за четврти претседателски мандат не успеа да ги обезбеди потребните 50 проценти за да победи во првиот круг, што упатува дека тој силите ќе мора да ги одмери со својот опонент од редовите на социјал-демократите.

Моралес според анализите повторно ја доби подршката на населението кое живее во руралните делови на Боливија, наспроти Меса кој има растечка доверба кај гласачите од урбаните делови како и од средната интелектуална класа.

Според анкетите во вториот изборен круг социјалдемоктатот е во предност од околу 7 проценти на гласачи кои во првиот круг не гласале за него.

Се работи за гласачко тело на десничарските пратии во Боливија, кои го обвинуваат лево ориентираниот Моралес дека е диктатор кој се кандидира за претседател иако за таа функција веќе нема право.

Но, со одлука на уставниот суд тој ја доби таа можност што доплнително беше зголемено незадовлството на граѓаните на Боливија. Моралес е критикуван и дека помага и го заштитува илегалното производтсво и продажба на кокаин, дрога со која мака мачат и останатите држави од Америка.

За потсетување, левичарскиот претседател Ево Моралес е на власт во Боливија од 2006 година. За време на своето владеење Моралес успеа да ја намали сиромаштијата во Боливија и да го зголеми степенот на писменост на 11 милионското население. Се смета за голем борец за права на автохтоните народи, индијанците кои живеат во Јужна Америка, но и како голем анти-империјалист.

Ево Моралес на вчерашното гласање оствари најлош изборен резултат во својата досегашна политичка кариера, што укажува дека Моралес би можел наскоро да се соочи со пораз и повлекување од претседателската функција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот