Изборен молк во Албанија, странските амбасади „блиндирани”

амбасада албанија тирнаа
Фото Балканвеб

Еден ден пред локалните избори, се засилени безбедносните мерки во населбата каде се наоѓаат странските амбасади во Тирана.

На сликите направени од страна на „ЛСА“, јасно се гледаат дека бројни воени лица стојат во готовност за да го чуваат секој дел од институциите, пренесува Балканвеб.

Во Албанија денеска е изборен молк. Опиниони пренесува дека опозицијата нема да биде дел од изборите што се очекува да се одржат утре на 30 јуни. Претседателот Илир Мета, го откажа овој датум како ден на изборите и издаде нов декрет за избори кои ќе се одржат на 13-ти октомври.

Право на глас имаат 3.536.015 албански државјани, од кои за првпат гласаат 132.788 лица. Според Министерството за внатрешни работи списокот на избирачи го сочинуваат 51% мажи и 49 % жени.

Од 61 општини, во 35 од нив има само по еден кандидат на трката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот