Избор поезија: Издавачот „Ми-Ан“ ја објави „Меланхолија“ од Ерол Туфан

Издавачот „Ми-Ан“ објави избор поезија со наслов „Меланхолија“ од Ерол Туфан. Станува збор за двојазична книга во која се објавени 52 песни, по 26 песни на македонски и на турски јазик.

Специфично за книгата е што авторот твори на двата јазици истовремено и како таков е застапен со песни што се напишани на двата јазици.

Изборот на песните е проследен со поговор од Мишел Павловски, професор на културолошките студии при Институтот за македонска литература и сопственик на книгоиздателството „Ми-Ан“.

Авторот Ерол Туфан е член на Друштвото на писателите на Македонија. Пишува и објавува книги на повеќе јазици. Во 1992 година се пресели да живее и работи во Истанбул, Турција, но никогаш не ја прекина комуникацијата со родната Македонија.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 47, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 5-6 септември 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот