Избор на песни од Радован Павловски е објавен во Москва

Во Москва излезе книга со поезија од неодамна починатиот македонски поет, академик Радован Павловски. Под наслов „Господар на перото“ книгата, која претставува избор од целокупниот опус на нашиот поет, на руски јазик ја преведе истакнатата афирматорка на македонската литература Олга Панкина, а ја објави издавачката куќа „У Никитских ворот“ од Москва.

Во книгата на двесте страници претставени се сто и четириесет песни земени од сите објавени збирки на Радован Павловски. Предговорот на книгата е од Олга Панкина, а покрај тоа, во ова мошне репрезентативно издание, дадени се и извадоци од написите на Матеја Матевски и Влада Урошевиќ за поезијата на Павловски.

Илустрации се на ликовниот уметник Александар Белугин. Изданието е помогнато од Министерството за култура на Република Северна Македонија.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 127, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 7-8 мај 2022)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот