Избирачките места навреме отворени, досега гласањето без никакви проблеми

Избирачките места изутринава се навреме отворени, гласањето досега се одива во најдобар ред и без никакви проблеми, информираат за МИА од Државната изборна комисија.

Изборниот ден почна во 7 часот изутрината, со отворање на 3390 избирачките места, а гласачите од 90 избирачки места, бидејќи се со помалку од 10, своето право на глас го остваруваат во најблиското избирачко место. Гласањето завршува во 21 часот.

Право на глас имаат 1.814.613 гласачи во шест изборни единици. Се гласа за 15 партии и коалиции со 1578 кандидати. Гласањето е тајно со заокружување на редниот број пред подносителот на листата.

Десеттите парламентарни избори во земјава, петти предвремени, се одржуваат под посебни услови поради пандемијата со Ковид-19. Сите вклучени во процесот задолжително мора да ги почитуваат препораките и мерките за заштита носење маска, држење дистанца и дезинфекција на рацете при влез и излез од гласачкото место.

Членовите на ДИК на вчерашната седница уште еднаш повторија дека гласањето е безбедно по здравјето на граѓаните и ги повикаа масовно да излезат и во една достоинствена атмосфера да гласаат за избор на пратеници.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот