Избегнувајте го компирот, го зголемува крвниот притисок

Високиот крвен притисок или хипертензија погодува сѐ поголем број луѓе. Може да доведе до смртоносни компликации, вклучувајќи мозочен и срцев удар. Оваа состојба може да се спречи со правилна исхрана и со вежбање, а научниците дошле до заклучок дека ризикот значително се намалува ако го редуцирате јадењето компири.

Фото: Unsplash

Четири оброци со компири неделно, без оглед на нивниот начин на приготвување, доведуваат до 11 отсто зголемување на ризикот од висок крвен притисок, во споредба со јадење помалку од еднаш неделно кај жените, покажува истражувањето на научниците од Харвард.

Тие, исто така, откриле дека мажите и жените што јадат повеќе од четирипати неделно пржени компири, имаат 17 отсто поголем ризик од висок крвен притисок.

Фото: Unsplash

Според истражувачите, замена на еден оброк компири дневно со други зеленчуци без скроб, го намалува за 7 отсто ризикот од висок крвен притисок.

Лекарите утврдиле дека најверојатно причината за односот помеѓу компирите и високиот крвен притисок е високиот гликемиски индекс (GI) на коренот. Храната со висок гликемиски индекс ослободува енергија побрзо и од таа причина побрзо го зголемува нивото на шеќерот во крвта.

Јадењата со висок гликемиски индекс се поврзуваат со лошо функционирање на клетките во телото, оксидативниот стрес, воспаленијата и сите потенцијално важни механизми за развојот на хипертензијата.

Најдобрата замена за компирот, според лекарите, е цвеклото. Тоа содржи нитрати, кои помагаат при ширењето на крвните садови, а потоа и го намалуваат крвниот притисок.

Покрај цвеклото, во борбата против хипертензијата може да помогне и јогуртот. Поради високата содржина на калциум, магнезиум и калиум, јогуртот има позитивен ефект на состојбата на високото ниво на крвниот притисок. Редовното пиење јогурт може да го намали ова ниво до 20 отсто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот