Избегната трагедија во Венеција: Погледнете како крузерот го избегнал судирот (ВИДЕО) – Слободен печат
ВестиПланета

Избегната трагедија во Венеција: Погледнете како крузерот го избегнал судирот (ВИДЕО)

Поради силното невреме, капетанот на крузерот ја изгубил прегледноста.

Драмата се одиграла во Венеција вчера во попладневните часови кога крузерот поминал покрај кафулето и во последен момент го избегнал контактот.

Поради силното невреме, капетанот на крузерот во еден момент ја изгубил прегледноста, се приближил до брегот и за малку ќе се забиел во терасата на угостителскиот објект.

За среќа, капетанот успеал да го „скроти“ пловилото и да го избегне ударот.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close