ИЗБЕГНАТА ТРАГЕДИЈА: На автобус полн со деца му отпаднала гума во близина на Пореч

поправка автобус
Поправка на автобус, Фото: Илустрација/Архива

Децата од два ракометни клуба во Хрватска, кои учествувале во завршниот натпревар во Пореч преживеале страшна сообраќајна несреќа.

Децата од ракометните клубови ,, Дугопоље” и ,,Солин”, на возраст од 9 до 10 години, имале сообраќајна несреќа во близина на Пореч во Хрватска. На автобусот му отпаднала задната лева гума во една од кривините на патот, а другата задна гума се симнала од осовината. Гумата излетала на патот и вистинска среќа е што не удрила во друго возило.

Само со присебноста на возачот, кој на силното невреме успеал да го запре автобусот, децата останале живи и здрави. Децата на дожд останале да чекаат да ги преземе друг автобус, зашто во оштетениот немало резервна гума и алат, а возачот бил позајмен од друга компанија. Од ракометните клубови денеска им се извинија на родителите и сите други, кои се засегнати од судбината на децата.

Велат дека за превоз на децата го ангажирале автопревозникот Далмација бас, но пред поаѓањето на натпреварот по нив дошол друг автобус во приватна сопственост на извесен Свето Бобан. Велат дека автобусот пропуштал вода, па поради силниот дожд дел од багажот се намокрил, а возачот со тешкотии ги менувал брзините.

За среќа, возачот полека успеал да го запре автобусот, кога видел дека тркалото го престигнува и паѓа по надолнината.

Несреќата се случила во неделата околу 18 часот, а вториот автобус дошол околу 20 часот. Од клубовите велат дека единствена среќа во оваа несреќа е што сите се живи и здрави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот