ИЗБЕГНАТ СЕРИОЗЕН ИНЦИДЕНТ: Мигранти од Авганистан кои патувале во приколка-ладилник ослободени во Германија

Фото: Илустрација/Профимедиа

Единаесет Авганистанци, на старост од 14 до 31 година, влегле во камион со приколка-ладилник во Србија, како што наведе баварската полиција. Камионот тргнал од Турција, а крајната цел била Белгија, пренесува ХРТ.

Возачот на камионот застанал во близина на местото Пасау, откако слушнал звукови на удирање во возилото. Полицијата го отворила ладилникот, во кој патувале мигрантите, а се верува дека возачот не знаел оти луѓето биле во камионот.

Животот на мигрантите бил во опасност до последниот момент, а спасените Авганистанци се наоѓаат во полицијата.

Овие единаесет лица успеаја да го избегнат најлошото можно сценарио, во случај кој многу наликува на оној од пред неколку месеци, кога 39 виетнамски мигранти загинаа во камион со приколка-ладилник кој беше пронајден во Есекс, на југоистокот на Англија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот