Избеган волк предизвика неколкучасовна паника во Подгорица

Жителите на приградската подгоричка населба Толоши синоќа преживеаа вистински хорор. Тие по неколкучасовна потера успеаја да ја фатат избегната волчица која први ја забележале деца.

Бета пренесува дека полицијата и шинтерската служба потврдиле дека го фатиле дивото животно кое неколку часа претходно лутало во густо населен дел од градот, влегувајќи во дворовите на луѓето.

„Децата си играа со своите пријатели во дворот, кога едното почна да вика дека има куче во дворот. Погледнав и сфатив дека станува збор за волк“, изјавил татко на петгодишно дете за локалните медиуми.

Тој го избркал волкот од дворот и не бил изненаден од присуството на диво животно, бидејќи глутница волци е во заробеништво во таа населба Подгорица.

Ацо Нововиќ, жител на оваа населба која е на само три колометри од центарот на Подгорица, со години чувал повеќе од 20 волци на својот имот без одобрение. Властите никогаш не му дозволија да го стори тоа, но тие не презедоа ништо по тоа прашање, објавија медиумите во Подгорица.

Секој ден кога им е време за хранење волците се јавуваат со непријатно завивање и ги потсетуваат навикнатите локални жители на нивното присуство.

Жителите на Толоши со години бараат од властите да преземат мерки против незаконското чување диви животни во густо населено урбано подрачје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот