Изабела Дијаз Ајузо победник на изборите во Мадрид

Изабела Дијаз Ајузо од Народната партија победи на регионалните избори на шпанскиот автономен регион Мадрид, покажа истражувањето на јавното мислење по завршувањето на гласањето, спроведено од ГАДЗ за ТВЕ и Телемадрид.

Како што пренесуваат локалните медиуми, на Дијаз Ајузо (42) ќе и биде потребна поддршка од уште една партија за да продолжи да управува со регионот.

Наместо заклучување за време на пандемијата, Дијаз Ајузо успеа да ги стави економијата и социјалниот живот во преден план, поради што ја доби довербата на угостителите и жителите на Мадрид, кои се познати по активниот ноќен живот.

Народната партија е на власт во регионот Мадрид 26 години, а убедливата победа на денешните избори, како што пренесуваат локалните медиуми, ќе и даде поттик и на национално ниво. 

Повеќе од пет милиони граѓани денеска имаа право на глас за 136 членови на локалниот Парламент на шпанскиот автономен регион Мадрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот