ИВЗ ја откажа главната прослава на Курбан Бајрам

Фото: Слободен Печат

Џамиите ќе бидат дезинфицирани, а за молитвата треба да се користат дворовите на овие верски објекти.

Од верниците, исто така, се бара да внимаваат на физичката дистанца, а Исламската верска заедница забранува групирање пред или по молитвата. Ријасетот на Исламската верска заедница поради актуелната состојба со ковид-19 се откажа од организирање на главната манифестација по повод празникoт Курбан Бајрам.

Во соопштението на ИВЗ се наведува дека при бајрамската молитва, верниците се должни да ги почитуваат мерките што важат и за извршување секојдневен намаз во џамија, односно задолжително носење маска, дезинфекција на рацете или носење ракавици и секој верник треба да има лично сеџаде.

Од ИВЗ наведуваат дека џамиите ќе бидат дезинфицирани, а за молитвата треба да се користат дворовите на овие верски објекти. Од верниците се бара да внимаваат на физичката дистанца, а ИВЗ забранува групирање пред или по молитвата. ИВЗ укажува дека сабах-намаз треба се изврши дома, а намазот на Курбан Бајрам да не трае подолго од 15 минути.

Се препорачува максимално избегнување на поздравите со физички контакт и откажување посета на гробишта. За време на Фитер Бајрам, традиционалните семејни посети да бидат максимално редуцирани, пишува во соопштението на ИВЗ.

Поради болеста „син јазик“ кај животните, верниците да внимаваат и при купување и колење курбани во своите домови, а тоа да го направат или преку ИВЗ или преку надлежните, соодветно на санитарните и верските стандарди, изјави скопскиот муфтија Кенан Исмаили. „Комунална хигиена“ – Скопје постави специјални садови за одлагање на органскиот отпад од колењето на курбанот. Неконтролираното фрлање на овој вид отпад на јавни површини може да доведе до низа штетни последици врз животната околина и јавното здравје.

Директорот на претпријатието Абдусамед Шабани апелира органскиот отпад да се фрла во специјалните садови поставени на неколку локации во скопските општини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот