ИВЗ избира нов поглавар

Фото: Слободен Печат

Утрово започнаа изборите во ИВЗ во присуство на најголем дел од муфтиите.

Кандидати за позицијата поглавар на ИВЗ се актуелниот вршител на должноста Реис, Шаќир Фетаху и претседателот на муфтиството во Тетово, Кани Несими. За избор потребени се најмалку 11 гласа од 21 присутен муфтија.

Изборите во ИВЗ се одржуваат откако Сулејман Реџепи беше разрешен пролетва, а на чело на Исламската верска заедница застана во 2006 година. Реисот Реџепи во периодот на пандемија даваше шокантни изјави и ги повикуваше верниците на големи верски собири и покрај општата забрана за тоа, а ќе остане запаметен по прогласот дека коронавирусот е победен и умрен.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот