ИВЗ доби сопственост над зградата на Албанскиот театар за деца и млади, директорката не знае

Зградата на Албанскиот театар за деца и млади во Скопје / 20 септември 2021 / фото: АлсатМ/принтскрин

Исламската верска заедница ја презела сопственоста врз зградата на Албанскиот театар за деца и млади во Старата скопска чаршија, а тоа е веќе впишано и во Катастарот, објави Алсат.

Образложението за промената на сопственоста на објектот на театарот, кој е национална установа под закрила на Министерството за култура, е дека објектот бил вакаф, односно верски посед на ИВЗ. Промената на сопственоста ја потврдуваат и од верската заедница, откаде велат дека тој е даден во владение на скопското муфтиство. Според нив, театарот нема потреба да го напушта објектот додека не најде нов простор.

Надлежните велат дека не се запознаени со новиот развој на настанити. Директорката на НУ Албански театар за деца и млади, Дијана Тоска, вели дека нема што да каже додека не добие официјално соопштение. Ист став за Алсат изнеле и од Министерството за култура. Заменик-министерот, Седат Сулејмани, вели дека ќе се распраша за случајот и ќе ја извести јавноста, но не понуди повеќе информации.

Неофицијално се споменува решение со кое на Театарот за деца и млади ќе му биде понуден дел од Албанскиот народен театар во Скопје, но актерите се противат на ова, пишува Алсат. Инаку, Владата со буџетот за годинава додели средства за реновирање на објектот во Чаршијата, поточно подрумот на детскиот театар и негово прилагодување во работни простории.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот