Иво Санадер не дојде на свадбата на ќерка му (ВИДЕО) – Слободен печат
ВестиВи ПрепорачувамеРегион

Иво Санадер не дојде на свадбата на ќерка му (ВИДЕО)

Венчавката се одржа во катедралата на островот Хвар, Свети Стјепан.

Бруна Санадер (30), ќерката на бившиот хрватски премиер Иво Санадер се омажи за долгогодишното момче, економистот Ведран Вукадиновиќ.

Венчавката се одржа во катедралата на островот Хвар, Свети Стјепан.

Бруна до црквата пристигнала во придружба на сестра си Петра Санадер и пријателките. На новинарите не им бил дозволен пристап, но сепак, новинарите на порталот „Слободна Далмација“ успеале да забележат дел од атмосферата пред влезот.

По венчавката, младенците пред црквата танцувале на песните на Оливер Драгојевиќ ,„Цесарица“ и „Кад ми доџеш ти“.

Остатокот од свадбената церемонија се одржал во еден познат клуб, а гостите биле превезувани со неколку бродови.

Иво Санадер не дојде на венчавката на својата ќерка.

Поранешниот хрватски премиер се наоѓа во затворот Реметинец, каде треба да отслужи шестгодишна казна затвор за случајот „Планинска“, за кој беше осуден на 4,5 години затвор, а со одлука на Врховниот суд, казната му е зголемена на шест години.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close