Ивица Дачиќ застана на чело на Собранието на Србија: Само политички незнајковци може да кажат дека сум деградиран

Фото: EPA-EFE/DJORDJE SAVIC

Лидерот на Социјалистичката партија на Србија (СПС), Ивица Дачиќ и официјално е избран за претседател на Српскиот парламент. Поранешниот шеф на дипломатијата на новата функција стапи со 226 гласа „за“, еден „против“, а на седницата не учествуваа 26 пратеници.

– Ќе барам меѓусебна толеранција и уважување на политичките разлики во работата на Собранието во иднина. Му благодарам на претседателот Александар Вучиќ на предлогот за мојот избор и за мене, како државотворен политичар, ова пртетставува најголема чест, оти ова е една од највисоките места во власта во државата. Сакам да придонесам за политичкото единство во Србија и да го заштитам угледот на Собранието, изјави Дачиќ по стапување на новата функција.

Доаѓајќи на седница на собранието, Дачиќ на новинарите им изјави дека само „политички незнајковци или некој злобен може да каже дека сум деградиран”.

Пред да биде избран за претседател на Собранието, Дачиќ и ја предаде должноста шеф на дипломатијата на премиерката Ана Брнабиќ, која ќе биде в.д. на позицијата до изборот на новата влада што се очекува во среда, на 28 октомври.

Во работа на Собранието во наредните денови, по изборот на потпретседателите, се очекува да бидат изгласани измените на законот за Влада, поради воведување на две нови министерска места, а како што најави Вучиќ, во среда се очекува и мандатарката Ана Брнабиќ да ја изнесе програмата на новата влада и изборот на новите министри во владата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот