Фото: EPA/CHRISTOPHE KARABA

Ивица Костелиќ го промени спортот, ќе работи во фудбалот

Легендарниот Ивица Костелиќ своевремено во кариерата како скијач оствари голем успех, а сега доби работа и во фудбалот.

Имено, хрватскиот клуб НК Максимир потврди дека Костелиќ ќе работи во нивните младински категории.

„Со гордост можеме да објавиме големо засилување во нашата фудбалска школа. Еден од најголемите хрватски спортисти стана соработник за кондиција во нашиот клуб и ќе биде дел од стручниот штаб за деца родени 2014 година. Му посакуваме добредојде и многу среќа во иднина“, објави клубот.

Во својата голема кариера Костелиќ покрај Големиот кристале глобус освои и два мали за најдобар во слалом. Исто така трипати беше најдобар и во супе комбинации. На Светскиот куп вкупно дојде до 26 победи и 60 подиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот