Ивермектинот ќе задоцни две недели

Ивермектин/ Фото Sandrine Mulas / AFP / Profimedia

„Ивермектинот“ ги помина сите фази во Министерството за здравство и во МАЛМЕД, лекот ќе се издава на рецепт од страна на матичните лекари и во болнички услови, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

– Лекот ќе се дава на три групи граѓани и кај сите ќе има различно дозирање, поради што мора да се консултира лекар за неговата употреба. Станува збор за ризични групи на работници, лица кои имале потврден контакт и луѓе кои се заболени од ковид-19. Различно дозирање има кај сите групи и затоа треба да биде под надзор на лекар, вели Филипче.

Тој откри дека лекот ќе доцни, односно ќе пристигне кај нас за две недели, иако претходно од МАЛМЕД најавија дека ќе го има во аптеките веднаш по Божиќ.

Конечно Ивермектинот доаѓа и во Македонија!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот