Ивент индустрија: Не сме државен непријател, туку компании кои се најмалку поддржани

Скопје, 01 март 2021 / Фото: Драган Митрески - Слободен Печат.

Компаниите за организирање настани и денеска од 12 часот излегуваат на протест пред Владата.

Од Асоцијација на Ивент Индустрија ИВАП велат дека најмалку што очекувале од Владата биле медиумски оркестрирани напади кон нив и извртување на фактите, наспроти простор и некоја минута за разговор и решенија.

-Ние не сме државен непријател, не сме неработници, туку индустрија и фирми даночни обврзници кои беа први затворени и најмалку поддржани. Точно е дека добивме помош со сите останати сектори, а тоа се 6 плати и некои компании земаа кредити. И тоа се сé! А не работиме веќе 14 месеци. Наместо да најдеме заедничко прифатливо решение, ни порачавте да ги тргнеме црните наочари. Дали треба да ги замениме со розови и останеме „таканаречена„ дејност? Иако владата го наметнува милионот како дефокус на нашите проблеми, пакетот мерки и еден милион евра (или два) за нашата индустрија, ниту е донесен, ниту e објавен. Условите никој не ги знае, кој се ќе има право да аплицира, кој ќе добие, критериуми, дали ќе има можност за сите? На пример, ако има 2000 македонски музичари, дали ќе може секој да настапи или само дел од нив? Така и со нас компаниите, кои секоја влада во Европа ги поддржа и препозна како најважен сегмент за раздвижување на економијата, културата, туризмот и менталното здравје, велат од ИВАП.

За потезите на Владата велат дека кога ќе го објават конкурсот, ќе можат да коментираат, сугерираат, секако и да аплицираат. Сé останато, велат, се само ПР алатки за купување на време, но никако помош за зачувување на нашите компании.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот