Ивановски за УБ: Итно да се укине лустрацијата, а лустраторите да си понесат одговорност

Ивановски смета дека законот за укинување треба во најбрз можен рок да се донесе, но вели дека во него треба да се предвиди и одговорноста на лицата кои го спроведувале овој процес.

– Бев во шок кога ја слушнав одлуката дека сум лустриран во 2010 година – вели за Утрински брифинг на „Слободен печат“, поранешниот претседател на Уставниот суд Трендафил Ивановски.

Додава дека пресудата на Европскиот суд за човекови го охрабрила, но сепак за да се задоволи правдата потребно е да се поништи лустрацијата во целост.

– Не очекувам пред избори да се најде решение со оглед на барањето на ДУИ. Тоа беше лов на вештерки или кастрација на здравиот разум, вели Ивановски.

Додава дека тој процес бил класична пресметка со политички неистомисленици, а тој бил жртва бидејќи во тој период голем број на законите кои ВМРО ДПМНЕ се обидуваше да ги протне беа прогласувани за противуставни.

Ивановски смета дека законот за укинување треба во најбрз можен рок да се донесе, но вели дека во него треба да се предвиди и одговорноста на лицата кои го спроведувале овој процес. Без тоа правдата не би била задоволена.

– Одолговлекувањето би значело дека постојат обиди да се спасат лустраторите од одговорност, изјави Ивановски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот