Ивановски: Состојбата е загрижувачка, ја закопавме Јустиција длабоко во земјата

Во вечерашното гостување на „Топ Тема“ на „Телма“ телевизија, поранешен уставен судија Трендафил Ивановски, говореше за одредувањето на домашниот притвор на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева.

-Состојбата е загрижувачка. Во сето ова, доказ е дека нашиот политички и судски систем, кои требаше да се борат за правна држава, токму тие доведоа да се руши владеење на правото. Јустиција ја закопавме длабоко во земјата. Ваквата состојба во Македонија трае 15 години најмалку. Тој систем наместо да оди напред, оди само назад. Во тој систем се пронаоѓаат различни афери и тоа е доказ дека не ги бива работите- истакна Ивановски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот