Ивановски на Балканското првенство во Србија урна рекорд стар 39 години

Фото: facebook/Dario Ivanovski

Викендов на Балканското сениорско првенство во Смедерево (Србија) на трката на 5000 метри Дарио Ивановски го освои третото место.

Македонскиот атлетичар дојде до бронзата со време 14:02.32 минути што претставува нов државен рекорд.

Ивановски го урна 39 години стариот рекорд кој беше во сопственост на Стевче Ѓорѓиевски (14:06.52 мин.)

Во истата дисциплина првото место го освои Романецот Николае Александру Соаре (13:49.13 мин.), а второто Австриецот Андреас Војта (13:57.24 мин.).

– Сениорски балкански медалист на 5000м. Прв медал на отворено и нов државен рекорд 14:02.32. Ви благодарам на сите! Спремен за утрешниот старт на 3000 метри – напиша Ивановски на социјалните мрежи.

Видео на денот