Ивановски: Имав мала повреда на стапалото и коленото кое од шестиот километар не ми дозволи да продолжам со исто темпо

фото: Македонски олимписки комитет

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски на маратонот на Олимписките игри во Париз ја заврши својата трка со време од 02:28:15 што беше доволно за 69 место.

Тамират Тола од Етиопија со нов олимписки рекорд го освои маратонот и се закити со златниот медал.

Ивановски беше последниот шести македонски олимпиец со настап на Игрите, претходно учествуваа и Никола Ѓуретановиќ (пливање), Анастасија Мојсовска (спортско стрелаштво), Еди Шерифовски (џудо), Владимир Егоров (борење) и Милјана Рељиќ (таеквондо).

Почитувани Македонци, посакувам прво да ви се заблагодарам за огромната поддршка што ја имав во текот на овој маратон и во подготовките. Штом еден маратон се заврши, тоа значи дека се завршува успешно. Пред сè да се заблагодарам до Бога што влегов во трката жив и здрав, сепак имав мала повреда на стапалото и на коленото кое од шестиот километар не ми дозволи да продолжам со исто темпо кое го наметнавме на почетокот. Од петтиот спрема шестиот километар почнав да ја влечам ногата и да се мачам, сепак тоа е што е.

Го дадов максимумот, сега преостанува период на опоравување, и да се фокусираме кон следните цели. Можеби јас и сите имавме малку поголеми очекувања, јас верував дека можам подобро и сеуште верувам дека можам подобро, сепак 2:08 што ми е најдобро време, и сега 2:28 ќе се види дека нешто се случувало во трката. Претходно според тренинзите бев и многу поспремен за тој резултат што го имам. Се надевам дека на следната трка, следните предизвици ќе го видите стариот Дарио, па дури и подобар од тоа што бев. Ви благодарам уште еднаш на сите кои беа со мене – беа зборовите на Ивановски по маратонот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот