Ивановски и Поп Арсова со нови македонски рекорди во маратон

Адријана Поп Арсова осмопласирана на маратонот во Копенхаген, Данска/Фото: facebook.com/skopskimaraton

На маратонот кој се одржа во Копенхаген (Данска) беа соборени македонските рекорди во маратон кои лани беа поставени на „Виз Ер Скопски маратон“.

Дарио Ивановски, кој денеска го слави 25 роденден, оствари резултат од 02:18.12 ч., а досегашниот рекорд изнесуваше 2:21:27.

Тој го освои 13 место, а победник беше Берхане Тсегај од Еритреја со време од 02:08.23, пред неговиот сонародник Хеник Тесфеја, додека на третата позиција се најде Даниел Кипчумба од Кенија.

Во женска конкуренција Адријана Поп Арсова постигна резултат од 02:35.29 ч., а досегашниот рекорд изнесуваше 02:40.36.

Таа го освои осмото место, а победничка беше Хела Кипроб од Кенија (02:24.10) пред Мулухабт Тсега од Етиопија, третопласирана е Агенс Кеино од Кенија.

Со овие одлични резултати Ивановски и Поп Арсова го потврдија нивниот квалитет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот