ВИДЕО: Ивановски беше блиску до полуфиналето, на крајот поразен од Шпанецот Роденас

фото: instagram.com/kalin_ivanovskii/

Денеска во четвртфиналето на јуниорскиот „Вимблдонмакедонскиот тенисер Калин Ивановски загуби со 2:1 во сетови 6:3, 6:7 (5) и 4:6 од Педро Роденас од Шпанија за два часа игра. Четвртфиналето за Ивановски е досега негов најдобар пласман на јуниорските грен слем турнири.

Во првиот сет како „брз воз“ стартуваше Ивановски поведувајќи со 4:0, противникот единствено се закани со брејк 4:1, потоа на свој сервис намали за 4:2, но нашиот тенисер рутински одработи до крајот и го освои сетот за 1:0.

Вториот сет донесе големи возбудувања во кој Македонецот можеше да го заврши мечот во своја корист. Роденас фуриозно отвори стекнувајќи висока предност од 5:1 и кога сите помислија дека се ближи израмнување, Ивановски со сите сили успеа да се врати.

Врза четири гема по ред за 5:5, сетот се решаваше во тај-брејк во кој Ивановски водеше со 3:0 и со 5:2 и беше блиску до полуфиналето, но ја пропушти ваквата убава позитива, ривалот направи пресврт за 7:5 и за 1:1 во сетови.

Нашиот тенисер започна со предност од 1:0 во третиот сет, па следуваше низа од три гема за Шпанецот. Се врати Ивановски за нов егал на 3:3. Наместо на свој сервис да ја врати позитивата, се случи брејк на Роденас кој го одржа до крајот и славеше со 1:2 во сетови.

За пласман во големото финале Шпанецот ќе игра против Хрватот Мили Пољичак кој со 2:1 (1:6, 6:3 и 6:2) го елиминираше Швајцарецот Килиан Фелдбош.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот