Ивановска за разрешувањето на Зибери: Незнам дали одлуката на министерот за здравство е политичка, не сакам да се мешам во политика

Претеседателката на Антикорупциската комисија, Билјана Ивановска, за емисијата „Еуро-фокус“, коментирајќи го случајот со поранешниот директор на ИЈЗ Скопје, Арбен Зибери, кој беше разрешен од актуелниот министер за здравство, Венко Филипче, изјави дека во изборна кампања, некој сам да признава дека извршил влијание на Комисијата за заразни болести за да се отворат границите, гласачите да гласаат е недопустливо.

Незнам дали одлуката на министерот за здравство е политичка, вели Ивановска, не сакам да се мешам во политка, мене политика не ме интересира.

-Не е ниту долично, ниту морално, ниту етички таквото однесување. Со ова се доведуваат во прашање одлуките на самата комисија, дали членовите се потпирале на здравствените параметри или правеле политички калкулации. Сето тоа фрла една лоша дамка за однесувањето на политичарите. Не смее да се дозволи ова и треба да се санкционира. Комисијата за заразни болести треба да работи самостојно, без некој да ѝ влијае- смета Ивановска.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот