Ивановска: Уставните судии се должни да ги почитуваат членовите од законот кои се однесуваат на судирот на интереси

Билјана Ивановска ДКСК
Билјана Ивановска / Фото: МИА

Уставните судии како службени лица се должни да ги почитуваат членовите од законот кои се однесуваат на судирот на интереси и на тој начин непристрасно да ги носат одлуките, вели претседателката на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), Билјана Ивановска.

-Комисијата има надлежност да одлучува дали постои кај одреден носител на јавна функција судир на интерес или не. Таргет се избраните и именуваните лица, вклучувајќи ги и судиите на Уставниот суд, рече Ивановска во емисијата 24 Отворено.

Таа додаде дека вчера одлучувале по барањето за мислење кое го добиле од претседателот на Уставниот суд во смисла дали уставните судии се наоѓаат во судир на интереси.

-Постапувавме по тоа барање и се изјаснивме дека по закон нема класичен судир на интерес. Сите судии немаат судир на интерес. Укажавме дека уставните судии како службени лица се должни да ги почитуваат членовите од нашиот закон кои се однесуваат на судирот на интереси и на тој начин непристрасно да ги носат одлуките. Барањето се однесуваше за сите судии, вклучително и за спорен судија, рече Ивановска

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот