Ивановска: Системско решение за надминување на состојбата со имотот на функционерите е донесување закон за потекло на имотот

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) Билјана Ивановска смета дека клучна за контрола и системско решение за надминување на целата состојба во државата со имотот на функционерите е донесувањето на закон за потекло на имот на секој граѓанин, со што, според неа, ќе се избегне ризикот одредени функционери својот имот да го пријавуваат на туѓо име додека се на функција, а потоа да си го вратат на свое име, бидејќи ДКСК понатаму нема законска надлежност да ја следи имотната состојба.

– Денеска и на Владата го поставивме истото прашање. Треба Министерството за правда да го иницира ова донесување, да се подготви законот, изјави Ивановска за Телевизија 24.

Таа посочи дека сегашниот систем за евиденција на анкетните листови ги објавуваат на веб страната, но тие таму стојат додека е мандатот на функционерот. Кога ќе заврши мандатот, старите листови се тргаат од веб страната, бидејќи, како што вели, таков е системот.

Ивановска посочи дека нема истражни центри за детално испитување на потеклото на имотот, но затоа имаат добра соработка со институциите.

Во однос на испитувањето на имотната состојба на судиите и обвинителите, Ивановска рече дека доколку се утврди оти има зголемување на имотот, кој не соодвестува на месечните примања, а веќе, како што соопшти, има такви три случаи, тогаш одат на подлабока анализа или се обраќаат кај Финансиска полиција да ја спрове понатаму истрагата.

– Утврдивме доста слабости. Во планот за оваа година беа претседателите на судовите бидејќи немавме објеткивни критериуми да направиме избор на примерок за судиите. Имаме забелешки, тоа ќе се обелодени во годишниот извештај за 2020 година. Има слабости, не ги поднесуваат редовно анкетни листови, за почеток, за крај на функција, не ги ажурираат податоците при промена на имотна состојба што е законска обврска. Сето тоа е нотирано и за тие случаи веќе се спроведува прекршочна постапка, нагласи Ивановска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот