Ивановска од ДКСК: Поразително е доаѓањето на тимот од Вашингтон бидејќи не сме си ги завршиле домашните задачи

Билјана Ивановска претседател на ДКСК - Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

Несериозно се сфаќаа сите укажувања и препораки што ги добивавме од странски фактори и затоа ни се случува ова со тимот за санкции од Вашингтон кој во земјава ќе изврши увид во корупцијата, вели претседателката на Државната комисија за спречување корупција, Билјана Ивановска на денешниот брифинг по повод 9 Декември – Меѓународен ден за борба против корупција.

Во наредниот период ќе се расчистат сите овие дилеми зошто и како се дојдени, за нас е поразително бидејќи не сме си ги завршиле сите домашни задачи, истакна Ивановска и додаде дека за високата корупција ќе биде тешко да се искорени, но ако се има искрени намери оптимистична е дека може да се промени нешто.

Вели дека како сериозен кандидат за влез во Европската Унија, Северна Македонија има проблем со правосудниот систем и потребно е да го реши тој проблем, а Американците го поддржуваат тоа.

Тие ни даваат на некој начин поттик и помош да го надминеме тој проблем и полесно да зачекориме кон европскиот пат, изјави претседателката на ДКСК.

Во однос на тоа дали ќе имаат средба со тимот од Вашингтон, Ивановска истакна дека сè уште немаат точни информации дали воопшто ќе остварат средба со нив.

Членовите на ДКСК порачаа дека со самото доаѓање на тимот, ќе се изврши притисок во институциите и ќе постапат сериозно според апелите на Комисијата и нивните иницијативи.

За Законот за ветинг, Ивановска вели дека е работа на политичката волја и дали се тие спремни да го спроведат. Горан Трпеноски, член на ДКСК посочи дека најосновното прашање што треба да се постави е „кој ќе го спроведе тој Закон”, бидејќи од досегашното искуство, како што посочи тој, државата нема капацитет да направи Комисија што ќе го спроведе законот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот