Ивановска: Не водиме предмет за Јанева

Фото: Слободен печат

Државната комисија за спречување на корупција не води предмет за поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева. Ова го рече првата Антикорупционерка Билјана Ивановска, образложувајќи дека не водат предмет за да не се поклопуваат со обвинителството.

– Има само една промена во анкетниот лист на Јанева, тоа беше за половно возило, изјави претседателката на ДКСК Ивановска.

По истекување на мандатот, односно откако е разрешена Јанева како специјална јавна обвинителка има рок од 30 дена да достави анкетен лист.

Антикорупционерите не ја провериле имотната состојба на преостанатите обвинители.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот