Ивановска: Граѓани го запишуваат имотот на функционерите на свое име и за тоа добиваат противуслуги

Билјана Ивановска ДКСК
Билјана Ивановска / Фото: МИА

Граѓани го запишуваат имотот на функционери на нивно име, за што добиваат противуслуга, а кога ќе им заврши мандатот, функционерите си го враќаат тој имот на свое име, изјави вечерва претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Билјана Ивановска.

Гостувајќи во емисијата „24 анализа“ на ТВ 24, Ивановска истакна дека постои можност функционери да го пријавуваат имотот на друго лице, што не е на функција и дека се зборува за такви случаи, но дека Антикорупциската комисија нема ингеренции да ги разгледуваме имотите на граѓаните, туку само на избраните лица.

Таа информира и дека голем број од пријави на граѓаните до ДКСК се однесуваат на незадоволството од судските одлуки, по кои комисијата нема надлежност да постапува и таа ги препраќа до Судскиот совет.

– Од аспект на проверка на потеклото на имотот, ние не го испитуваме имотот на судиите, туку вршиме проверка на она што е пријавено во анкетниот лист, односно верификација на податоците, дали тоа што е пријавено се совпаѓа со тоа што е запишано во книгите, во катастарот. Наша надлежност е до тука. Доколку откриеме несразмерност во богатењето во однос на нивните месечни примања, тогаш тие предмети ги доставуваме до надлежни институции, рече Ивановска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот