Ивановска: Генералниот секретаријат и за нас набави клими, но имаше дузина барања за тоа

Билјана Ивановска ДКСК
Билјана Ивановска / Фото: МИА

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупција, Билјана Ивановска во своето вечерашно гостување во емисијата „360 степени“, во врска со набавката на софтверот за сообраќајни прекршоци од страна на Генералниот секретаријат, вели дека треба да се утврди потребата од таа набавка и дали поминала низ интерните контролни механизми.

– Јавното обвинителство ја насочува истрагата повеќе кон криминалното и поврзаноста со фирмата. Ние немаме алатки за да го истражуваме тоа. Но, она што останува во однос на процедурата, почитувањето на интерните контроли и утврдување на потребата, тоа ќе биде дел и од предметот што ние го отворивме и ќе се позанимаваме малку со овој дел. Со цел да се подобрува системот и да се даваат препораки за контроли, рече Ивановска.

Таа направи и споредба меѓу набавката на Генералниот секретаријат за софтверот за сообраќајни прекршоци и набавка за клими кои ги побаралата токму институцијата што таа ја води.

– Еве за споредба ќе кажам дека Генералниот секретаријат за нас ги купи климите за сервер-салата во 2019 година. Меѓутоа, да проверите има дузина преписки за таа набавка на климите. Од тоа која е нашата потреба од нив, зошто немаме пари, дека претходно немаше комисија па немало ниту план и така натамму. Нас ни излезе во пресрет тогаш Генералниот секретаријат, но има повеќе обраќања од наша страна за тоа да се направи. И тие клими не беа во употреба, о се знае и зошто не беа во употреба, затоа што зградата нефункционираше, па сега ќе се пренесат во новата зграда. Така што се треба да има свој тек, рече Ивановска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот