Ивановска: Ај и овој предмет да го затвориме

Рачно напишани со мастило, некомплетни и анонимни, вакви иницијативи пристигнуваат до Државната комисија за спречување на корупција. Антикорупционерите денеска отфрлија неколку вакви иницијативи кои до нив ги поднеле граѓаните.

– Ај и овој предмет да го отфрлиме – кусо рече претседателката на Антикорупциската комисија, Билјана Ивановска одбивајќи една од поднесените иницијативи.

Членовите на ДКСК на граѓаните им порачуваат да поднесуваат соодветни пријави, а за истите можат и лично да ги пријават во канцеларијата на Антикорупциската комисија.

На денешната седница антикорупционерите ги разгледаа и поднесените пријави од страна на инспекторот Ѓорѓи Илиевски за случајот со наводното незаконско унапредување во наставно-научни звања на тројцата функционери Арбер Адеми, Агим Нухиу и Сафет Емрули. Тој пред речиси еден месец ги информираше дека незаконски е направен вонредниот инспекциски надзор на тетовскиот универзитет што го направија инспектори на Државниот просветен инспекторат.

– Да се покрене иницијатиа за утврдување на одговорност на ова службено лице пред надлежниот орган, тоа е инспекцискиот совет, бидејќи не постапило согласно етичкиот совет на инспектротите член 17 став 4 каде што исто така е наведено дека кога ќе дознае за постоење на судир на интереси, инспекторот е должен да се изземе – рече Владимир Георгиев, член на ДКСК.

За тоа што ќерката на министерот за надворешни работи, Никола Димитров, добила државна стипендија од 40.000 долари за студирање во Холандија, Антикорупциска не препознава конфликт на интереси. Секој кој ги исполнува условите има право на стипендија.

Антикорупционерите на седницата забележаа дека јавното претпријатие за комунални дејности „Комуна“ во Ново Село е раководено од в.д директор со средно трговско образование. Му порачаа на градоначалникот на Ново Село, Никола Андонов, да назачи директор со соодветно образование.

На денешната седница Антикорупцинерите побараа од СОЗР, Иванов да го иселат од „Џевахир“ и да го сместат во државна канцеларија за да се скрати од државниот буџет.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот