Иванов: Владата нема да падне во четврток

Зоран Иванов во гостување на Канал 5 / 8 ноември 2021 / фото: Канал 5/принтскрин

Новинарот Зоран Иванов, во вечерашното гостување на Канал 5 изјави дека смета оти Владата ќе го преживее гласањето доверба во Собранието во четврток.

Според него, тоа нема да се случи бидејќи „главните актери се пуштиле во игра и веројатно малку се истрчале“ и оти затоа, меѓу другото, „се во офсајд“.

-Политиката е одговорност, но истовремено и игра, во убава смисла на зборот. Поддржувам предвремени парламентарни избори, од причина што Македонија не прави реформи, бидејќи парламентот не функционира поради распоредот на силите и второ не функционира и поради една недоволна политичка зрелост на сите субјекти во државата, рече Иванов во емисијата „Само вистина“ и додаде дека Македонија е општество во кое функционираат и други партии, освен СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот