Иванов си замина од МЗТ Скопје

Еден од најзаслужните кошаркари за освојувањето на шампионската титула, Иве Иванов, го напушти МЗТ Скопје и се врати во Хрватска. Иванов потпиша едногодишен договор со хрватскиот прволигаш Задар, а официјалната презентација се очекува во наредните денови.

Информацијата ја потврди и клубот на својата интернет-страница преку спортскиот директор Бранимир Лонгин.
– Договорот е потпишан на една година, а потоа ќе видиме ќе се одвива ситуацијата – изјави Лонгин.

Иванов во МЗТ Скопје дојде токму од редовите на Задар но по само една година одлучи да се врати во татковината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот