Иванов: Мицкоски нема никаков рејтинг кај амбасадорите, смешно е неговото писмо

„Смешно е што Мицкоски се обраќа со писмо до амбасадорите околу пописот. Тој може да се обрати до јавноста и власта. Требаше да процени дека кај нив нема воопшто никаков рејтинг, поради бојкотот на референдумот и пописот“, изјави новинарот Зоран Иванов за емисијата „Само вистина“.

Според него, манипулацијата дека пописот не е според европските стандарди е реален на фактот и дека „ние не сме држава според европските стандарди“.

„Оваа држава има капацитет да направи попис без никој да не отвори врата, преку базата на податоци што ги имаат институциите“, истакна Иванов.

Видео на денот