Иванка Трамп повторно предмет на потсмев: За се е виновен киксот на нејзиниот татко за кој Америка не престанува да зборува

Постарата ќерка на актуелниот американски претседател Доналд Трамп повторно се најде на мета на шеговити коментари од корисниците на социјалните мрежи откако најави посета на Алабама.

Можеби патувањето на Иванка Трамп ќе минеше незабележано ако нејзиниот татко претходно прописно не се избламира велејќи дека споменатата држава е следна на удар на ураганот „Доријан“, кој прво ги погоди Бахамите.

Имено се почна кога минатата недела се појави видео на кое претседателот Трамп покажува мапа за која тврди дека претставува приказ каде се движи ураганот „Доријан“. Во таа прилика изнесе невистинита информација за тоа дека разорниот ураган од Флорида ќе се пресели во Алабама.

Иако демантот од националната управа за океани и атмосфера стигна во рок од десет минути, Трамп и натаму одбивал да ја признае грешката. Потоа се појавија шпекулации дека самиот претседател го доцртал движењето на ураганот на мапата.

Кога миленичката на Трамп на Твитер објави вест за официјална посета на Алабама, подготвено ја дочекаа американските твитерџии со нови шеги.

„Како ќе одиш таму сега кога е најавен ураган?“, напишал под нејзиниот твит еден корисник.

„Размислуваш ли дека ќе преживееш ураган ако заминеш?“, продолжил во шеговит тон друг.

Некои пак не ја заборавиле шегата со фустанот на Иванка од минатата недела:

„Задолжително облечи нешто убаво“, напишал еден корисник, алудирајќи на „спорниот“ фустан кој ќерката на Трамп неодамна го носела во Колумбија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот