Иванка Трамп повторно предмет на потсмев: За се е виновен киксот на нејзиниот татко за кој Америка не престанува да зборува

Постарата ќерка на актуелниот американски претседател Доналд Трамп повторно се најде на мета на шеговити коментари од корисниците на социјалните мрежи откако најави посета на Алабама.

Можеби патувањето на Иванка Трамп ќе минеше незабележано ако нејзиниот татко претходно прописно не се избламира велејќи дека споменатата држава е следна на удар на ураганот „Доријан“, кој прво ги погоди Бахамите.

Имено се почна кога минатата недела се појави видео на кое претседателот Трамп покажува мапа за која тврди дека претставува приказ каде се движи ураганот „Доријан“. Во таа прилика изнесе невистинита информација за тоа дека разорниот ураган од Флорида ќе се пресели во Алабама.

Прочитајте и...  Уапсени се двајца скопјани при заплена на 12 килограми хероин на влез во Црна Гора (ФОТО)

Иако демантот од националната управа за океани и атмосфера стигна во рок од десет минути, Трамп и натаму одбивал да ја признае грешката. Потоа се појавија шпекулации дека самиот претседател го доцртал движењето на ураганот на мапата.

Кога миленичката на Трамп на Твитер објави вест за официјална посета на Алабама, подготвено ја дочекаа американските твитерџии со нови шеги.

„Како ќе одиш таму сега кога е најавен ураган?“, напишал под нејзиниот твит еден корисник.

„Размислуваш ли дека ќе преживееш ураган ако заминеш?“, продолжил во шеговит тон друг.

Некои пак не ја заборавиле шегата со фустанот на Иванка од минатата недела:

Прочитајте и...  Стапува во сила забраната за увоз и извоз на отпад за согорување меѓу Северна македонија и Бугарија

„Задолжително облечи нешто убаво“, напишал еден корисник, алудирајќи на „спорниот“ фустан кој ќерката на Трамп неодамна го носела во Колумбија.

Прочитај повеќе

Мета: Поднесов пријави против членови на „структурирана ќелија и опасна банда“

МИА Агенција

Харви Вајнстин прогласен за виновен за силување и сексуално вознемирување

МИА Агенција

Напад на талибанците во Авганистан, најмалку шест загинати

МИА Агенција

Здравствените власти во Хрватска тестираат шест примероци за коронавирус

МИА Агенција

Во воздушен напад врз пункт за набљудување во Идлиб загинаа 13 турски војници

МИА Агенција

Глобалното ширење на коронавирусот ги стресе светските пазари на капитал

МИА Агенција

Остави Коментар

8 + 18 =

Прочитај повеќе

Европа трепери од коронавирусот во Италија, Македонија ги засилува граничните контроли

Слободен печат

Грчката авиокомпанија „Ејџиан Ерлајнс” ќе продолжи со редовни летови и кон Италија

Слободен печат

Анадолија: Најмалку 100 транспортни воени авиони на Хафтар му испорачаа речиси 6.200 тони оружје

МИА Агенција

Бектеши: Стратегијата за енергетика до 2040 година целосно ќе го модернизира и трансфомира енергетскиот сектор

МИА Агенција

Земјотрес од 4,5 степени ја погоди јужна Италија

МИА Агенција

Москва и Анкара планираат нова серија на консултации за ситуацијата во Идлиб

МИА Агенција