Иванишевиќ убеден дека Новак ќе триумфира на Вимблдон

фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Горан Иванишевиќ е убеден дека следмиот грен слем турнир, Вимблдон, ќе помине во знакот на Новак Ѓоковиќ. Српскиот тенисер минатата година ја освои титулата на Вимблдон, а сега неговиот тренер вели дека и оваа година Новак повторно ќе го крене шампионскиот пехар.

– Новак ќе го освои Вимблдон, имам добро чувство. Новак доживеа и преживеа тешки порази, но убеден сум до стартот на Вимблдон ќе биде во најдобра форма. Потребно му е добро да се одмори. Новак е најголем фаворит за триумф на Вимблдон, но најверојатно нема да игра на ниту еден турнир се до стартот на грен слем турнирот  – вели Иванишевиќ.

Новак Ѓоковиќ не успеа да ја одбрани титулата на Ролан Гарос, тој загуби во четвртфиналето од Рафаел Надал кој на крајот ја освои 14 титула во Париз и по 22 пат го крена грен слем пехарот.

– Тажен сум. Мислам дека никој од нив не го одигра својот најдобар тенис, исто така мислам дека настапот на Рафа не беше спектакуларен, но односот на теренот и говорот на телото ја направи разликата. Го предупредив Новак дека почетокот на мечот ќе биде решавачки, но тој сепак  стартуваше лошо. Исто така неразбирлив ми беше начинот на кој го одигра третиот сет, изгедаше како да му недостасува енергија и не веруваше во своите шанси да победи. Такво нешто не смее да се дозволи во мечо против Рафа Надал на Ролан Гарос. Сè уште не разговаравме за мечот бидејќи бев загрижен, додека Новак беше разочаран и уморен. Новак се чувствува лошо и тажен сум поради Новак бидејќи и двајцата знаеме дека можеше да победи – додава Иванишевиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот