Иванишевиќ доби специјален подарок од Новак

EPA-EFE/STEVE PASTON

Новак Ѓоковиќ вчера по шести пат триумфираше на Вимблдон и со тоа дојде до 20 грен слем трофеј во кариерата откако во финалето го совлада Матео Беретини во четири сета.

Со новиот триумф, Ѓоковиќ се израмни со Рафаел Надал и Рожер Федерер по бројот на освоени грен слем титули, но за два месеци ќе има шанса да испише нови страници во историјата на тенисот. Српскиот тенисер годинава славеше на три од четирите најважни турнири, Австралија Опен, Ролан Гарос и Вимблдон и доколку триумфира и на УС Опен ќе стане првиот човек по Род Лејвер кој го комплетирал календарскиот грен слем.

Во ложата на Вимблдон седеше Горан Иванишевиќ, еден од двајцата тренери на Ѓоковиќ кој исто така имаше свој јубилеј, 20 години од освојување на титулата на најпрестижниот тениски турнир.
По мечот, Новак Ѓоковиќ на својот тренер му даде специјален подарок со кој се пофали на социјалните мрежи.

„20 години подоцна, повторно имам чест во своите раце да го држам најспецијалниот трофеј во тенисот. Овој пат во друга улога, но чувството е многу слично. Ти благодарам на подарокот Ноле“, напиша Иванишевиќ на Инстаграм.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот